По историски тешката година, во текот на која Либан се соочи не само со политичка и економска криза, туку и ја преживеа трагедијата во главното пристаниште на Бејрут, дизајнерот Elie Saab реши да создаде колекција која ќе отелотвори нов почеток.

„Сакаме да го славиме животот и неговиот квалитет“, коментирше тој за новата колекцијата. Наместо традиционалната ревија на модната недела во Париз, Saab го претстави lookbook на новата колекција пролет-лето 2021 година и сними краток филм во планините Факра. Колекцијата ја замисли како серија во бои. „Розовата го претставува цвеќето бугенвила, зелената потсетува на убави лисја, белата се однесува на соништата за мир и спокој, додека крваво црвената значи загуба“, рече дизајнерот.

Негов фаворит во колекцијата е последната тиркизна секција, составена од фустани во грчки стил, кои потсетуваат на изгледот на Грејс Кели, кој таа го носеше во филмот „Фатете го крадецот“ од 1955 година.

Новата колекција на Elie Saab ја покажува моќта на позитивното размислување и сугерира дека до пролетта 2021 година, конечно ќе заборавиме на карантинот и ќе се вратиме во романтична авантура со природата. „Ова е прослава на животот“, рече тој за филмот, каде што се собираат модели без маски за да поминат еден ден во природа и секогаш во убава облека. И покрај фактот дека „бројот на забави се намалува, животот продолжува“, дизајнерот е сигурен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако помина 22. Моден Викенд Скопје?
Следна објаваКако изгледа првата колекција на Метју Вилијамс за Живанши?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ