Студиото Mousarris Design со седиште во Кипар е познато по дизајнирање на  концептуални парчиња мебел …

Меѓу нивните претходни дела се издвојува масичката за кафе Wave City, која во својата база содржи пејзаж на град. Земајќи го овој дизајн и подигнувајќи го на ново ниво, студиото сега создаде масичка за кафе Dreaming Fox, која љубителите на необични парчиња едноставно ќе ја обожуваат.

Масичката се состои од скулптура на спиечка лисица издлабена од костеново дрво што ја формира основата, додека над неа е облак во сребрена боја. Користена е CNC технологија за создавање детали и резба на сложени елементи на структурата.

Од очите до носот, устата и шепите, секој дел од лисицата е направен со неверојатни детали. Од друга страна, облакот што ја претставува горната површина на масата е создаден од полиран метал. Слободно можеме да кажеме дека оваа маса е совршен скулптурен додаток на ентериери инспирирани од рустикален стил.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасни есенски комбинации!
Следна објаваJennifer Lopez за Coach: Совршена чанта за есен 2020!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ