Колекцијата Louis Vuitton Objet Nomades штотуку доби ново издание – елегантен двосед дизајниран од Andre Fu …

Со заводливи линии и прекрасни облини, ова ново парче претставува архитектонско херојство и луксуз што е главната карактеристика на сите производи на Louis Vuitton. Наречено Ribbon Dance, најновото парче на Louis Vuitton е инспирирано од движење на лента. Содржи две седишта, кои како да лебдат меѓу дрвените елементи, украсени со врвна кожа на Louis Vuitton.Ова прекрасно ремек-дело е поставено со сива ткаенина, додека целосно е создадено во Италија од стручните мајстори на Louis Vuitton.

Како и другите парчиња од оваа колекција инспирирани од патувањата, и овој двосед е ода на креативноста, убавината на фините материјали, врвната изработка, внимание кон деталите и неограничените можности.

Како елегантен додаток на секоја дневна соба, Ribbon Dance дефинитивно ќе стане must-have на сезонава. Цената на овој новитет е 65.000 долари.

Погледнете уште две парчиња од истата колекција на Louis Vuitton Objet Nomades

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLouis Vuitton: Фантастична нова линија на торби специјално за One & Only Resorts!
Следна објаваОвој YouTuber заработува милиони од каснување на најопасни инсекти!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ