Бесплатна “Детска Работилница за АРХИТЕКТУРА 101година Bauhaus школа”
———————————————————————————————————————————-
Bauhaus (Баухаус) e уметничка школа која што работела во периодот од 1919 до 1933 година, во Германија, и се смета за највлијателна модернистичка уметничка школа од 20тиот век. Нејзиниот пристап кон наставата и односите помеѓу уметноста, општеството и технологијата имале големо влијание врз развојот на дизајнот и уметноста како во Европа така и во останатите деловиод светот.
И покрај тоа што самото име Bauhaus означува “градење куќа”, и е формирана од архитетект ( Волтер Гропиус), школата не е замислена како школа за архитектура, туку се заснова на идејата на Gesamtkunstwerk (“‘total’ work of art”), каде што сите уметности, вклучувајкија и архитектурата, би биле поврзани заедно.
Поради ова, во Баухаус, имало голем дијапазон на различни предмети и работилници кои биле задолжителни за учениците. Покрај предавањата за уметност кај светски познатите Paul Klee,Wasilly Kandinsky, Laszlo Moholy-Nagy, Mies Van de Rohe и др, наставата се состоела и од практична работа во работилниците за скулптура, фотографија, метал, ткаење, графички дизајн, сценски настап и сл.

Овогодишниот концепт за архитектура е фокусиран на Bauhaus школа.
?ЧЕТВРТОК 01.10.2020
?Локација: Парк МКЦ
⏳Почеток: 17-18:30 часот
Пријавата е задолжителна на
?nesovskidoro@gmail. com
максимум учсници: 10-15 деца
Возраст: 5- 11 години
➡Ментори: Наташа Вчкова-архитект, проектант, сценограф
Доротеј Нешовски-интердисциплинарен уметник
 
?Идејата и концепот за детската работилница е обележување на 101годишнината на БАУХАУС школа.
?Во кој ќе се изработуваат дизајни за столчиња,редизајни, макети за архитектура.
⏩Работилницата ќе започне со вовед, презентација и запознавање на децата-учесници со работата на школата Баухаус, при што ќе им бидат прикажани примери кои би им служеле како инспирација за работилницата. Потоа следи време за скицирање и разработка на идејата, изработка на макета, моделирање на продукт дизајн, инспириран од дизајните на школата.
?Работилницата Баухаус 2020 (Bauhaus 101) ,ќе се оддржи во знак на обележување на стогодишнината од формирање на оваа прогресивна школа, чие што влијание е и денес значително присутно во областа на уметноста, графичкиот дизајн, ентериерниот дизајн, индустрискиот дизајн, типографијата и сл.
〰
〰〰〰
?
〰
〰〰
*ВАЖНО: Протоколите за почитување на мерките и држење дистанца од 2м и носење маска се задолжителни.
〰〰
✴Интерактивни разговори се серија на детски работилници, мултидисциплинарен проект кои експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори-3Dмоделатори, музиколози, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика, издавачи, дизајнери за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукации во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Со намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

Проектот е поддржан од министерство за култура на РС Македонија.

НЕМА КОМЕНТАРИ