Фразата “Нов “Бран” е повторно актуелна во македонското музичко секојдневие, но овој пат е фокусирана на вибрантната млада џез сцена која полека се открива со целата своја раскош, квалитет и автентичност.

Нашата земја е преполна со музички таленти и луѓе со сјајни идеи, само е потребно некој тоа да го регистрира и изнесе на виделина. Таков катализатор во последниве неполни две години е дискографската куќа ПМГЏЕЗ (pmgjazz.bandcamp.com / http://www.pmgrecordings.com/pmgjazz.php), која наметна силна динамика со изданија, концертни промоции, сеопшта присутност и поттик за работа. Со 15тина изданија, повеќе промотивни настани и концерти, нов џез фестивал во најава и секако свежината на новиот бран, ПМГЏЕЗ сериозно се наметнува како сериозен двигател на џез културата, сфатена најшироко.

Како одговор на карантинот и неможноста да се излезе и свири во живо, деновиве

ПМГЏЕЗ ја заокружува најновата иницијатива, која носи интересен наслов: 5Џ.

Имено овој петок, 15 мај ќе го забележиме последното, петто по ред издание (секој петок носеше ново) на современ македонски џез албум во продукција на оваа дискографска куќа. За нешто повеќе од месец дена, македонската дискографија е збогатена со пет нови извонредни албуми, кои ја разбрануваа специјализираната џез јавност и задоволија вкусовите на оние кои ја следат оваа култура. Повелете послушајте и уверете се во квалитетот и свежината која моментално е присутна на нашата џез сцена. Сите изданија на ПМГЏЕЗ можат да се набават на нивната Бенд Кемп страница (pmgjazz.bandcamp.com)

Yordan Kostov Quintet – Plush Pig [PMGJAZZ009]

Svetlost – Six Years [pmgjazz010]

Sethstat & Mirko Popov – Live (Docen Čas) [pmgjazz011]

SD4 [pmgjazz012]

COBALT CODE UNIT – Rural [pmgjazz013]

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦреши – сладок тренд на летната сезона!
Следна објаваБрижит Бардот во ретроспективни кадрови од Канскиот филмски фестивал!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ