Од Кети Пери и Орландо Блум до кралската свадба на принцезата Беатрис …

Минатата година многу sвезди ги објавија своите веридби и со нетрпение ја очекувавме нивната свадба. Сезоната на свадби – 2020 година – вети дека ќе биде жива и незаборавна.

Сепак, пандемијата со коронавирусот многу ги наруши плановите на младенците.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја објавија својата веридба во март минатата година. Според гласините, Џеј Ло подготвувала голема свадба, која планирала да ја одржи во црква. Сепак, во шоуто на Елен Деџенерис, таа призна дека смета дека е несоодветно да се одржи величествена церемонија во оваа ситуација. „Искрено, не знам што да правам. Досега, сите направивме пауза и ќе чекаме да видиме как ќе се развие ситуацијата. Премногу е рано да се зборува за било какви датуми и детали.”

Кети Пери и Орландо Блум

Пејачката и актерот се верија во февруари минатата година по тригодишна врска, а во декември се дозна дека парот очекува бебе. Според младенците, свадбата требало да се случи летово во Јапонија. Сепак, засега Кети и Орландо ќе одржат скромна церемонија дома и ќе ја одложат прославата до подобри времиња.

Ема Стоун и Дејв Мекери

По тригодишна врска, Ема и Дејв решија да ја официјализираат својата врска, а на крајот на минатата година ја најавија својата веридба. Актерката објави заедничка фотографија на Инстаграм во која исто така го покажа луксузниот дијамантски прстен. Но, од безбедносни причини, младенците ја одложија церемонијата. Ема и Дејв сè уште не објавиле нов датум за венчавка, ниту пак го откриле точното место каде ќе се случи планираната свадба.

Принцезата Беатрис и Едоардо Мапело Моци

По едногодишна пауза, принцезата Беатрис требаше да ја продолжи серијата на  кралски свадби, чиј избраник е италијанскиот милионер Едоардо Мапело Моци. Церемонијата беше закажана за 29 мај. Но, според претставниците на Бакингамската палата, свадбата е одложена на неодредено време.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНов изглед го краси бутикот на Louis Vuitton во Париз!
Следна објаваВкусна овошна салата со малина за појадок
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ