Ако имате деца дома и им е досадно, еве одлична активност да ја поттикнеме нивната креативност. 

И покрај тоа што сме затворени за време на пандемијата COVID-19, Националната галерија ја продолжува својата мисија да во доменот на едукацијата – овој пат со охрабрување на сите деца кои треба да направат уметнички дела, со кои ќе им се заблагодарат на хероите на нашата заедница. 

Ги охрабруваме семејствата и децата да направат и споделат уметност заснована на темата „Нашите херои!“ Херои можат да бидат сите, покрај докторите, медицинските сестри како и целиот персонал во здравството, касиерката во маркетот, полицаецот, пожарникарот, возачот на автобус, баба и дедо, мама и татко кои се грижат за Вас, бато кој мора да те „трпи“ цел ден, учителката која се грижи образованието да продолжи непречено, службеникот во банка и сите оние кои ја одржуваат работата на заедницата. 

Би сакале децата да ни кажат зошто нивните херои се херои со вклучување краток опис кон нивните уметнички дела (максимум 150 зборови), или кратко видео од детската изјавата снимена со телефон. Доколку сакате, наведете го името и презимето на младиот уметник и неговата возраст.

Уметничкото дело може да биде сè, сè додека е креативно. 

Учество за сите креативци од претшколска и школска возраст. 

Семејствата можат да испратат слики со уметнички дела на нашата маил адреса: marketing.ngm@gmail.com или истите да ги објават на социјалните мрежи Facebook  и/или Instagram, притоа тагнете ја Националната галерија на Република Северна Македонија, и во објавата, како дел од кампањата и темата користете хаштаг: #НашитеХерои, #OurHeroes, #НационалнаГалерија, #NationalGallery. 

Испратените слики од уметничките дела ќе бидат објавени на нашите социјални мрежи (Facebook и Instagram). За дополнителни прашања можете да ни пишете на нашата ФБ страна

 

#ОстаниДома  #ЧувајСе

Национална галерија на Република Северна Македонија

НЕМА КОМЕНТАРИ