Бидејќи имаме на располагање многу слободно време, многумина од нас решивме да го искористиме слободното време за да ги средиме нашите гардеробери. Тие најчесто се пренатрупани и незнаеме што точно и каде имаме.

Белата кошула дефинитивно спаѓа во класата на модни класици на кои секогаш сме среќни да се вратиме, особено во моментите кога едноставно не знаеме што да носиме. Едноставни линии и неутрални бои се причината зошто ова модно парче се прилагодува на секој стил, гардероба и сезона. Така, можете да создадете најразлични модни изданија со едно модно парче, а останува во нашата гардероба во текот на целата година. Во зима носевме бела кошула под блејзери од волна и топли џемпери, додека во првите пролетни денови ја комбиниравме со  фармерки. Секоја комбинација е идеална за претстојните жешки летни денови. 

Белата кошула е основата на скоро секоја гардероба и совршен почеток скоро за секој моден проблем!

НЕМА КОМЕНТАРИ