Императив на секоја модерна жена е да биде во чекор со новите модните трендови. Стилот е и состојба на умот, каде што вашата доверба се рефлектира на облеката која ја носите и начинот како ја носите истата. Секоја дама посакува да биде оригинална и забележана од својата околина со својот стил на облекување. На оваа приказна успешно и одговара нашата модна креаторка Биљана Каран, која со својот специфичен стил на создавање на рачно изработени креации на женска гардероба и аксесоари прави жените да се чувстуваат токму онака како што замислиле.

” Жените кои ги носат моите креации и даваат посебна експресија и душа на облеката која ја создавам”

Биљана Каран.

Инспирирана од францускиот шик и италијанскиот дизајн, креациите на Биљана се уникатни, препознатливи по нивнатс изработка и се избор само за оние дами со безпрекорен и истанчен моден вкус. Билјана одбира неконвенционални материјали со софистицирани текстури и успеа да стане  обожувана од дамите кои ја преферираат елеганцијата во својот сопствен стил.

Во време кога сите се соочуваме со една непријатна состојба и сме во нашите домови, на нашето барање Биљана Каран љубезно се согласи да ни одговори на неколу прашања.
И благодариме за реализацијата на разговорот.


 

– Да се задоволат барањата на модерната жена во денешно време преставува вистински предизвик. Во вашата понуда можеби и единствената кај нас, вие нудите уникатен дизајн на креации, па би ве запрашала колку време ви е потребно од идеја до реализација на замисленото?

Биљана: Бидејки изминатата година поголемиот дел од времето го поминав во Солун како дизајнер за познатиот грчки бренд Анел не бев во можност целосно да се посветам на сопствената линија, Во моментов дизајнирам исклучиво за екслузивна клиентела, во стилот на високата мода. Тоа подразбира дизајнирање на уникатни  креации кои се изработуваат по мерка. Материјалите кои ги користам се исто така ексклузивни  поради што често пати времето потребно за изработка на еден ваков модел е пролонгирано. Доколку  користиме пак од материјалите кои ги имаме на лагер потребно е да закажеме барем еден месец однапред. Мојот тим е мал но посветен е на секој детал, па како додаток на уникатно дизајнираните модели Ви нудиме и голем избор на украси за коса и накит. Особено битно за мене како дизајнер и пред се жена е да се чувствувате добро во тоа што го носите, поради што најчесто користам природни материјали кои се лесни и пријатни, и не фаворизирам припиени фустани кои знаат да ја истакнат и најмалата несовршеност на нашето тело притоа правејки да се чувствуваме заробено во нив. Сакам флуидна и разиграна елеганција, совршен микс на отменост и сексапил, бидејки и едниот и другиот од овие два квалитета знаат сами по себе делуваат нападно, а тоа не е мојот стил.

– Кој е вашиот став во врска со примената на одржливост во модата. 

Биљана: Секојдневно гледаме кој е глобалниот импакт на нашите дела и акции врз природата, и врз самите нас како дел од неа. Секако дека сум свесна за импактот кој го има светската мода врз загадувањето и дека старите начини треба да се заменат со нови доколку сакаме да имаме  позитивен импакт на околината. Ги подржувам сите оние кои се борат за почиста околина, повисоки плати за вработените во фабриките, за подобар квалитет и помал квантитет, за рециклирање, воведување на нови методи и процеси на изработка, нови материјали и се што е во интерес на взаемното надополнување и хуманиот третман кон природата, сепак таа е нашиот најголем и единствен ресурс. Во процесот на создавање облека или сл. не смееме да уништуваме , напротив мора да бидеме апсолутно посветени во реализирање на процеси кои ке бидат еко обновливи и одржливи. Особено значајно е што најголем дел од светски познатите модни конгломерати го препознаа значењето на совесното производство на репро материјали и облеката како есенцијален предуслов за успех на пазарот. Новите генерации се посвесни за влијанието кое го имаат нашите акции и избори на околината, поради што одбираат паметна мода. Се радувам што се почесто се срекавам со релативно нови брендови кои се посветени на оваа девиза и навистина се креативни во реализацијата на нивните колекции со уникатни методи како на пр. замената на пердувите во јакните со ливчиња од цветови, природно бојадисување на ткаенините, драстично намалување на водата која се користи и загадува поради одредени начини на производство, тука спага џинсот, памукот и ткаенини со јаки вештачки добиени бои на ткаенини. соодветно складирање и рециклирање на отпадот итн.  Мојот став и пристап во модата се води по овие начела, и сметам дека секој од нас е одговорен за тоа како си ја врши својата работа а тоа прави огромна разлика. На крајот од денот не е битно што работиш туку како го правиш тоа.

– Кој е вашиот стил, кој лично го преферирате?

БиљанаКако што веке Ви спомнав сакам да се чувствувам убаво и комотно поради што мојот стил би го дефинирала како релаксирано елегантен. со примеси на еклектичен глам и боемски шик.

– Во вашиот продажен салон може да се купат вашите модели, дали може да се најдат и на друго место?

Биљана: Покрај моето Ателје моите креации може да се купат на неколку веб портали и во некои селектирани бутици во Скопје. Погледнете дел он нашата понуда во која имаме и лимитирана едиција на модели од колекцијата Модерна божица – Modern Goddess и колекцијата накит и аксесоари Бесконечност – Infinity

Може да нарачате онлајн на www.neamoda.com како и на мојата веб страна www.biljanakaran.com——————————————————————

– Што би им порачале на девојките и жените во оваа помалку да речеме необична ситуација во која се најдовме, како да го одржат и негуваат својот дух и тело?

Биљана: Изминатиот период и овој што сеуште ни претстои, во ова време на вонредна состојба во нашата земја и во светот имаме доволно слободно време за самите себе и за нашите најблиски. Се согласувам дека никому не му е лесно, но исто така знам и дека начинот на којшто ги гледаме работите прави огромна разлика. Затоа јас би Ви препорачала да се фокусирате на позитивните аспекти од оваа вонредна состојба, како на пр. слободното време кое може да го искористите за себеси, Вашата лична надградба како читањето на сите оние книги за кои секогаш  ни фалеше време, може дури да упишете и некој он-лајн курс по нешто што одсекогаш Ве интересирало, да се дружите и готвите со Вашите блиски, можеби да воведете и некоја нова добра практика во Вашето секојдневие како нов сет утрински вежби, слушајте и откријте нова интересна музика  и секако сте во добра позиција да  ја креирате совршената визија за самите Вас и Вашата иднина

Додека планетата Земја го користи намаленото движење на човекот и намалените производствени активности на нашето модерно доба за да се самоизлечи мислам дека и ние како луге сме во идеална позиција да го следиме нејзиниот пример. И наместо секојдневната брканица и трчање по повеке и подобро, време е да застанеме, да погледнеме околу нас и да ги преиспитаме нашите вредности, акции и цели. Според мене периодот е исклучително трансформативен, бидејки никој ниту за миг не можеше да замисли вакво глобално сценарио. Ова што ни се случува сега не принуди да ги преиспитаме сопствените акции, да бидеме задоволни со она што е навистина важно и да ги освестиме грешките кои ги правевме во минатото во интерес на нашата посветла иднина. Јас лично верувам дека ултимативно секое лошо е за добро. Сочувствувам со сите погодени од пандемијата но истовремено ја гледам поголемата слика и искрено се надевам дека ке не направи подобри, посвесни и поблагодарни а како такви ке нема сила која ке надвладее над нас, бидејки животот не е натпревар туку благослов. Болеста дефинитивно ни ги отвори очите за оваа фундаментална вистина.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР