Големо враќање на контроверзниот материјал: Ако можете да го комбинирате, ќе изгледа одлично и во дневните комбинации …

Природниот латекс е сушен сок од тропското дрво каучук што расте во долината на Амазон во Бразил.

Латексот беше нашироко користен во почетокот на 20-тиот век, а во 1920-тите беше прифатен од фетишистичките заедници, а подоцна и од порно индустријата, бидејќи совршено ја отсликуваше формата на телото.

Исто така, латексот стана дел од стилот на хард рок групите, а во модната индустрија е популаризиран од дизајнерката Вивиен Вествуд.

Дури и кога латексот повторно доаѓа меѓу трендовите, ние многу брзо забораваме на него, затоа што ни се наметнува мислењето дека овој материјал не е нешто што би го носеле секојдневно.

Но, новата колекција на Сен Лоран е показател дека парчињата од латекс можат да бидат многу носливи кога се комбинираат со некои безвременски парчиња како сакоа, блузи, чизми или крзнени палта.

Vaccarello, покрај класичниот црн латекс, предлага да излезете малку од рамката и да комбинирате со латекс во впечатливи бои како светло црвена, лаванда или кралската сина боја.

Латекс во дневни варијанти може да се носи на кошули, преголеми џемпери и блузи, додека во вечерните часови можете да го комбинирате со обични маици со принт, проsирни блузи со точки под кои е видлив градникот или топ во форма на корсет. Можностите се бесконечни, сè што треба да направите е да излезете од зоната на комфорот и да пробате нешто поразлично. Кој знае, можеби и ќе ви се допадне ?!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 најдобри и 10 најлоши држави за одгледување деца!
Следна објаваКупатилото не е место за козметичките производи!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР