Шармот и убавината се нивна професија, па можеме со сигурност да кажеме дека модните дизајнери се најголемите и најпочитуваните експерти на овие полиња.

Тие најдобро ја знаат секоја форма на женското тело и  нивните совети за тоа како треба да изгледа вистинска жена, треба најсериозно да ги сфатиме.

Ако имате криви нозе, облечете подлабоко деколте. – Кристијан Диор

Грижата за изборот на чевли никогаш не е претерана. Многу жени мислат дека се неважни, но вистинската потврда за елеганцијата на жената е тоа што е на нејзините нозе. – Кристијан Диор.

Парфемот е незаменлива нијанса на женската индивидуалност, тој му дава последен допир на вашиот изглед. – Кристијан Диор

Колку полошо се чувствува девојката, толку подобро треба да изгледа. – Коко Шанел

Возраста на жената не е најважната работа: На 20 години може да предизвикате воодушевување, на 40 години може дa сте магично привлечни, а потоа, можете да бидете неодоливо привлечни до крајот на животот. – Коко Шанел

Тоа, како сте облечени, означува како ќе се претставите пред светот, особено сега кога човечките контакти се толку брзи. Модата е директен јазик, разбирлив без превод. – Мијуча Прада.

Шикот не можете да го лажирате, но можете да бидете шик со лажно крзно. – Карл Лагерфилд

Секогаш чекорете така, како да ве следат тројца мажи. – Оскар де ла Рента

Да се ​​биде елегантен, не значи атрактивност на прв поглед. Да се ​​биде елегантен значи да влезете во меморијата. – Џорџо Армани

Убавиот маж е најдобриот женски моден додаток! – Коко Шанел

Не навлегувајте премногу во трендовите. Не и дозволувајте на модата да ве освои, туку сами одлучете кој сте и што сакате да искажете со својата облека и начин на живот – Џани Версаче

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерни торби за сезоната пролет/лето 2020!
Следна објаваMatcha чај ќе ви помогне при настинка со настинката и помага при слабеење!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР