Францускиот креатор на висока мода, Jean-Paul Gaultier (67) изјави дека модната ревијата со негови креации во Париз беше неговото последно претставување по половина век кариера, но дека ќе започне со нов проект со својата компанија.

Со голоемата модна ревија во театарот Шатле во Париз тој прослави 50 години кариера во модата.

Тој додаде дека неговата модна куќа „Gaultier Paris“ продолжува со работа на нов проект, наведувајќи дека наскоро ќе објави детали.

Gaultier ја започна својата кариера со Pierre Cardin, а самиот е значајна личност во светот на модата кој во осумдесеттите години воспостави нови правила во облекувањето. Тој е автор на неколку незаборавни модни креации, вклучувајќи го цврстиот корсет кој го  носеше пејачката Madonna.

Познат по мешањето на жанрови, епохи, уличен и отмен стил на облекување, во 1984 година тој создаде здолништа за мажи, судејќи дека „мажот не ја носи својата машкост на облеката, туку во главата“.


СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈакната со џепови на Zara владее на Инстаграм!
Следна објаваПогледнете го неверојатно раскошниот дом на Томи Хилфигер!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР