Познато е во чии раце завршија SAG (Screen Actors Guild) Awards. На церемонијата, која се одржа во Лос Анџелес, Хоакин Феникс очекувано беше прогласен за Најдобар актер за „Joker“, а Рене Зелвегер стана Најдобра актерка за биографската драма „Judy“.
Бред Пит ја освои наградата Најдобар актер во споредна улога за „Once Upon a Time in Hollywood“ додека Лора Дерн се закити со титулата Најдобра актерка во споредна улога за „Marriage Story“.
Кај телевизиските серии, Најдобра актерка во комична серија е Фиби Волер-Бриџ, Најдобра актерка во драмска серија е Џенифер Анистон, Најдобар актер во драмска серија е Питер Динклиџ, а Најдобар актер во комична серија е Тони Шалуб.
Дамите присутни на манифестацијата се одлучија да играат „безбедно“ со модниот избор, па немаше големи отскокнувања во негативна смисла.
Погледнете како изгледаа ѕвездите и оценете го нивниот стил: