Кожни панталони, твид јакна и две Шанел торби: се најдобро одеднаш!

Со беспрекорен секојдневен стајлинг, Селин Дион самоуверено ја освојува славата на моден инфлуенсер.

Во последно време, пејачката се повеќе се појавува во одлични комбинации на облека, така да и ние сакаме веднаш да ги земеме во предвид нејзините идеи.

Овој пат: 51-годишната Селин Дион се појави во Њујорк во совршената есенска комбинација, што е лесна и за работните денови.

Пејачката се потпира на едноставни и елегантни работи, но им додава  интересна нота со необичен избор на текстури, избирајќи кожени пантолони од крокодил кожа и топло твид сако со златни нити. Таа носи обично црна ролка под сакото. Две торби Шанел во исто време, се уште еден необичен трик во духот на најновите трендови, а стилот вреди да се позајми.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDiane von Furstenberg – Уметноста на прославувањето!
Следна објаваАмерикански запад во колекцијата VERSACE RESORT 2020!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР