Како да ја добиете најмодерната боја на коса …
Ниту руса, ниту кафена, но нешто помеѓу. Ако сакате промена, не двоумете се да изберете темно руса нијанса за оваа есен.
На Запад, експертите ја нарекоа оваа боја – бронде (фузија на два збора “brown and blond”). „БРОНДЕ“ се верува дека е исклучително прилагодлива боја на коса, бидејќи е комбинација на ладни и топли тонови, во исто време совршено се прилагодува на различни бои на кожата и очите.
Важно е на косата да и се додаде максимум две или три нијанси во споредба со природната боја. Значи ефектот е природен, што е клучот за модерен изглед оваа сезона.