КОМПАНИЈАТА ГО ОБЈАВУВА ПАРТНЕРСТВОТО СО ОРГАНИЗАЦИЈАТА „FEED THE CHILDREN“, ГЛОБАЛЕН ШАМПИОН ЗА ДА НЕМА ВЕЌЕ ГЛАДНИ ДЕЦА

ЛОС АНЏЕЛЕС (25 септември 2019 г.) — Herbalife Nutrition (на Њујоршката берза (NYSE): HLF), најдобрата глобална нутриционистичка компанија, денеска го објави лансирањето на глобалната иницијатива „Nutrition for Zero Hunger“ со која заложува 2 милиони УСД за да нема веќе гладни луѓе во светот, за да им се обезбеди пристап до правилна исхрана на луѓето и за да се обрне внимание на континуираното зголемување на бројот на луѓе со прекумерна тежина. Иницијативата, со помош на непрофитни организации-партнери, ќе се фокусира на обезбедување пристап до здрава храна, на подобрување на едукацијата за исхрана, на откривање одржливи ресурси на храна и на подигнување на свеста за глобалната криза. 

Заедно со лансирањето на иницијативата, Компанијата го објавува и своето партнерство со „Feed the Children“, непрофитна организација посветена на борбата против глад на децата во целиот свет. Организацијата „Feed the Children“ го прогласи септември за месец на борба против глад и Herbalife Nutrition, како главен партнер на „Nutrition for Zero Hunger“, ги поддржува нејзините програми за да помогне да се стави крај на гладот во светот. 

„Иницијативата „Nutrition for Zero Hunger“ работи на клучни пандемични проблеми и се надеваме дека преку соработката со нашите партнери, како што е организацијата „Feed the Children“, ќе изградиме свет во кој секој ќе има пристап до квалитетна храна и исхрана.“ – вели Алан Хофман, Извршен потпретседател, Глобални корпоративни работи.

Како лидер во глобалната исхрана, компанијата Herbalife Nutrition, која е основана пред околу 40 години и чијшто темел се значајноста и вредноста на правилната исхрана, обезбедува сигурни извори на нутриционистички производи преку мрежа независни дистрибутери до клиенти во целиот свет.  

„Организацијата „Feed the Children“ се гордее што стана партнер со Herbalife Nutrition во борбата против овој важен проблем, гладот кај децата. – вели Травис Арнолд, Претседател и Главен извршен директор. „Проблемот нема да се реши сам по себе. Знаеме дека ако ги комбинираме нашите напори, ќе имаме поголемо влијание врз животот на фамилиите на кои сме им најпотребни.“

„Feed the Children“ е организација што посветено поддржува семејства и заедници на тој начин што им обезбедува помош со храна и ресурси што помагаат за стабилен живот и во САД и во 10 земји на интернационално ниво. Во 2018 г., „Feed the Children“ дистрибуира храна и за основни работи за живот во вредност од 88,6 милиони фунти заедно со партнерите од заедницата за да им даде поддршка на 6,5 милиони луѓе на глобално ниво. 

Покрај стратешките партнерства за поддршка, „Nutrition for Zero Hunger“ ја поддржува целта бр.2 на Обединетите нации – Одржлив развој, со која се спроведува голема акција за да се стави на гладот во сите негови облици до 2030 г. и за да се најдат решенија за безбедност на храната и да се подобри исхраната на глобално ниво. Со помош на залогот од 2 милиони УСД, Компанијата:

  • ќе стане партнер со организации кои работат на проблемите со гладот, со безбедноста на храната и со лошата исхрана  
  • ќе обезбеди донации на нутриционистичка храна и нутриционистички производи на луѓе од ранливи категории 
  • ќе достави ресурси за поддршка на едукација за исхрана
  • ќе ангажира и едуцира заедници на глобално ниво преку интегрирани кампањи 

Хофман додаде, „гледаме колку здравата исхрана влијае врз животот на луѓето и посветено ја поддржуваме оваа важна потреба на ранливите популации од целиот свет.“

За да дознаете повеќе за Нerbalife Nutrition, посетете ја веб-страницата IamHerbalifeNutrition.com. За да добивате најнови ажурирани информации од Herbalife Nutrition, следете нè на Twitter: @HerbalifeNews. 

# # #

Контакт:

Гери Кишнер

GaryKi@herbalife.com

213-745-0456

 

За Herbalife Nutrition

Herbalife Nutrition е глобална нутриционистичка компанија чија цел е да го направи светот

поздрав и посреќен. Компанијата има мисија за исхрана – да им го менува животот на луѓето

со одлични нутриционистички производи и програми – уште од 1980 г. Herbalife Nutrition нуди висококвалитетни производи поткрепени со наука, индивидуализирани совети од независен дистрибутер на Herbalife Nutrition и заедница што дава поддршка и што ги поттикнува клиентите да водат поздрав и поактивен начин на живот.

Производите на Herbalife Nutrition за наменска исхрана, за регулирање на телесната тежина, за енергија и фитнес и за лична нега може да се нарачаат преку независни дистрибутери во над 90 земји. 

Herbalife Nutrition ѝ дава поддршка на Herbalife Nutrition Foundation, непрофитна организација што им помага на организациите во заедницата што се фокусирани на обезбедување правилна исхрана. Herbalife Nutrition се гордее што е спонзор и на повеќе од 190 врвни светски спортисти, тимови и настани во целиот свет. 

Herbalife Nutrition има над 8.300 вработени во целиот свет. За да дознаете повеќе посетете ја веб-страницата IAmHerbalifeNutrition.com.

За „Feed the Children“

Во „Feed the Children“, ги храниме гладните деца. Имаме визија да создадеме свет во кој ниедно дете нема да си легне гладно. Во САД и интернационално, одлучивме да им помагаме на семејства и заедници да имаат стабилен живот и да се намали потребата за помош утре додека им обезбедуваме храна и ресурси за да им помогнеме денес. Дистрибуираме донации на производи од корпоративни донатори на локалните партнери од заедницата, обезбедуваме поддршка за наставници и ученици и брзо мобилизираме ресурси за помош во случај на природни катастрофи. На интернационално ниво, работиме со програми за развој на заедницата во чиј фокус cе децата во 10 земји. Добредојдени се партнерства затоа што знаеме дека нашата работа е невозможна без соработка. За повеќе информации посетете ја веб-страницата feedthechildren.org.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваА1 Македонија – домаќин на А1 Дигитална конференција 2019!
Следна објава“Будење на свеста” од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ ќе го освојува светот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР