Еве дојде и крајот на летниот распуст, а тоа значи дека е време за добро да се подготвите Вие и Вашите деца за нов и свеж старт на новата учебна година. Почнувајќи од 23ти август па сѐ до 15.09 во Скопје Сити Мол Ве чекаат специјални изненадувања кои најголемиот трговски центар ги подготви за Вас и Вашите најмили.

Овој периодот, во Скопје Сити Мол ќе можете да уживате во најшироката шопинг понуда и ќе можете да најдете специјални колекции и модни комбинации по намалени цени, огромен избор на училишен прибор, книги и сѐ што ви е потребно за да ја започнете оваa учебна година успешно.

После долгиот и опуштен летен распуст, враќањето на старите навики на учениците може да претставува вистинска потешкотија: домашни задачи, многу книги, рано будење, учење… Скопје Сити Мол е тука да Ви помогне во вистинскиот избор на потребните материјали за свеж почеток на новата учебна година.

„Летниот распуст скоро е при крај и почетокот на училишната година претставува голем предзвик за децата. Скопје Сити Мол овој пат има за цел да се погрижи почетокот да биде лесен и забавен преку разни активности во периодот од 23.08 па сѐ до 15.09 и да ги разубави последните денови од распустот со многу забава, игри, пеење и шопинг на попуст и акции. Затоа повелете во Скопје Сити Мол и уживајте во супер шопинг и забава” – изјави Дамјан Корубин маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Од 23.08 до 15.09 на приземје во Скопје Сити Мол ќе биде поставен џиновски спинер, кој ќе може да се заврти со приложена сметка од над 1.500 денари од локалите кои учествуваат во кампањата. Секое вртење е добитно, односно имате шанса да добиете еден од вредните подароци: JBL звучници, училишни ранци, спинери, саати, училишни несесери и други награди.

Локалите кои учествуваат во кампањата: Sport Vision BUZZ Sport Vision Kids Original Marines KRS Sport M Staedtler Божиновски Prosvetno, Evropa, Prosvetno Delo, Wenice Carters Extreme Intimo anhoch LTB MY:TIME panevropa Beosport JYSK.mk Kares New Yorker Jack& Jones Terranova K&k Office plus Bershka Massimo Dutti Pull & Bear и Okaidi.

Традиционално на 2ти септември првачињата ќе ја положат “заклетва” – детска песничка, а на настанот децата ќе ги забавува и ќе им помага нашата Марија и нашиот Мартин.

Сите информации за оваа кампања и правилата за учество во играта дознајте ги на официјалната веб страна на Skopje City Mall – http://skopjecitymall.mk/b2s.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПочна првиот MakeCoProDox Forum
Следна објаваОсвежување на знаменосецот ŠKODA SUPERB
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР