Во МКЦ клуб и ресторан, хип хоп артистот Тони Зен го промовираше својот шести по ред албум со наслов „Од изворот на изборот“.

Пред повеќе стотици гости, најголем дел негови пријатели и препознатливи музички имиња од домашната сцена, Тони Петковски нескриено ја искажа радоста по повод излегувањето на неговиот најнов соло албум и по тој повод пред присутните се обрати:

„Сите 8 песни се инспирирани од моите лични искуства изминативе години. Овој албум се слуша со срце. Не случајно е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта и просветлението“.

Меѓу присутните гости беа пеачот Виктор Апостоловски, македонската поп икона Дани Димитровска, музичарот и продуцент Мите Димовски, џез музичарот Џоле Максимовски, познатиот пеач и композитор Никола Перевски – Пере од Нокаут, Ранко Петровиќ…

Албумот е независно издаден со поддршка на СТ Продукција како дистрибуција и изработка на ЦД и обвивка. Сниман е во студиото „Knobs Keys ‘n Stuff“ заедно со Бојан Филиповски „Gloomie“, додека миксот и мастерингот го изработи Мите Димовски во Тралала студио.

Албумот има 8 песни. Текстовите ги напиша Тони Петковски – Зен, а музиката ја создаде заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии). Mузичари кои дадоа свој придонес на албумот се Мартин Јосифовски на бас гитара, саксофон и флејта – Борислав Веселинов, клавијатури – Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале – усна хармоника и пратечки вокали – Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски.

Од денеска албумот е во продажба во музичките продавници.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLouis Vuitton – колекција есен/зима 2019!
Следна објаваКако да го подобрите видот на природен начин?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР