На сите модни недели за 2019 год. во Лондон, Париз и Њујорк, најзабележителни беа: бебешко сината боја, розе смокингот, колажот од различни отпечатоци, Tie Dye маиците и бледиот тексас.
Бебешко сина
Минатата пролет, главната боја беше лаванда, но овој пат тоа се светлите нијанси на сината.
Иако боите беа тие кои најмногу се забележаа на модните писти, модните куќи исто така експериментираа со широки блузи и здолништа.
Принт и само принт
Внимателно пристапувајте со овој тренд, бидејќи печатените колажи не се за секого.
Розеви костуми
Изгледа дека вечерниот фустан има нова конкуренција во 2019 година – розев смокинг. Варијанти се црвениот и жолтиот костум.
Рачно фарбани маици
Калвин Клајн се одлучи за маици кои беа актуелни во времето на хипи движењето, додека Кристијан Диор за каледиоскопски пристап.
Џинс
Џинсот никогаш не излегува од мода, бидејќи секоја година одново се раѓа, па така и оваа.
Додека мината година помина во знакот на црниот џинс, оваа годин хит е избледениот, во различни нијанси.
Оваа сезона најдобар џинс има Балмен– украсувајќи го дизајнот со монистри во завршните доработки.