Културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот“ е проект кој го спроведува Здружението за третман на вода со поддршка на Европската Унија.

Локацијата на проектот е пречистителната станица за отпадни води во Струмица, каде преку уметнички подвиг и создавање мурали од страна на 5 македонски уметници, се работи на прашањето околу поддигнување на јавната свест за значењето на заштитата на водата како природен ресурс. Со примената на уметнички тактики, како што и самиот наслов имплицира; проектот инволвира ангажирање на уметници кои ќе ги украсат бетонските површини на пречистителната станица.

Во рамките на проектот и во партнерство со општина Струмица, оваа недела (18- 22 март 2019 година) го означуваме почетокот на промотивните активности преку одбележување на Светскиот ден на водата (22 март 2019 година) во основните училишта во Струмица преку ликовна колонија со наслов „Нацртај ја водата“. Цртежите на учениците, покрај муралите, ќе бидат изложени и на промотивниот настан на проектот.

Промотивниот настан на проектот е најавен за 20 мај 2019 година на пречистителната станица во Струмица.

Преку овој проект се дава акцент на неопходната потреба од решавање на проблемот со отпадните води во нашата држава – со што значајно се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина и се намалува надземното и подземното загадување. Секако, тоа се постигнува со планирање и примена на современи системи за третман на отпадните води кои се реализираат во согласност со стандардите и регулативите на Европската Унија. Со тоа се унапредува квалитетот на местата во коишто живееме и се запазува еколошкиот аспект на модерното живеење. Проектот е дел од кампањата „ЕУ за тебе“ со тематски пристап и почнува со нагласувањето на важноста од одржување на чиста животна средина, како една од клучните политики на Европската Унија и приоритетни сектори и области во кои таа инвестира.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗапочна со работа онлајн продавницата на дизајнерката Маја Кикириткова
Следна објаваPorsche го претстави Cayenne Coupé
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР