Во петок во десет часот на Филолошкиот Фалултет во Скопје ќе се одржи книжевна средба и предавање на тема патеписна книжевност и изложба на Никола Бувие под наслов Патување во слики.

ПАТОПИСНА КНИЖЕВНОСТ >> ПРЕДАВАЊЕ И ИЗЛОЖБА

——————————————————————–
КНИЖЕВНА СРЕДБА
„СЕГАЛЕН – РЕМБО, ВКРСТЕНИ ПОРТРЕТИ“

Средба и предавање на тема патописна книжевност, со учество на двајца еминентни книжевници:
– Жан-Лук Коаталем, новинар и писател, и
– Рони Демеснер, библиотекар и историчар

Предавањето е со симултан превод и е отворено за публика.

ИЗЛОЖБА ЗА НИКОЛА БУВИЕ
„ПАТУВАЊЕ ВО СЛИКИ“

По повод Франкофонијата, на Филолошкиот факултет ќе биде отворена изложбата „Патување во слики“ на Никола Бувие.
Во оваа посебна прилика, библиотеката од Женева ги отстапува нејзините фотографии, факсимили како и многу други документи за овој значаен швајцарски писател и патописец.

* * * *

Писател и новинар по потекло од Бретања, Жан-Лук Коаталем пишува за различни списанија како Grands Reportages и Géo на тема патувања. Романсиер, новелист и есеист, овој патописец ги има објавено расказите „Мисијата во Парагвај“, во издание на Payot/Voyageurs 1993 и „Патување во Виетнам“, во издание на Le Dilettante 1999, La Table Ronde, Petite Vermillon 2008, комични романи како „Капетан“, во изадание на Flammarion 1991, „Синот на факирот“, во издание на Grasset 1998, Livre de Poche 2001. Коавтор е на два албума со илустраторот Лустал во Casterman.

Библиотекар и одговорен за часовите по историја на книгата, Рони Демеснер соработува со неколку списанија (Le Carnet et les Instants, Le Spantole, Inuits dans la jungle, …). Пет години по ред анимира книжевни средби во Бозар. Покрај ова, учествува и во подготовка на Речникот Rimbaud во издание на Laffont (2014).
– – –
Настанот се организира во соработка со Амбасадата на Швајцарија и Филолошкиот факултет во Скопје.

 

____________________________________

Jean-Luc Coatalem

 Nicolas Bouvier

Извор: 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова Elie Saab ода на женственоста!
Следна објаваИзбор песни од Коле Неделковски!
Art will remain the most astonishing activity of mankind born out of struggle between wisdom and madness between dream and reality in our mind!! Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР