Република Македонија стана Република Северна Македонија, во тек е преименување на институциите во државата, кај некои со додавката „северна“, а кај некои со „национална“.
Всушност, откако повеќето македонски институции станаа „Национални“, дали феминистките го задаваат следниот удар по јазикот и дали тоа значи обезличување и на македонскиот збор?
Според последните политички случувања во Македонија врзани со Преспанскиот договор, евидентно е дека на луѓето во нашата земја им е можеби и сеедно како ќе се именуваат нештата, а женското лоби очигледно ја увиде совршената прилика да се „избори“ за уште една јазична промена, но овој пат во насока да се издејствува „јазична рамноправност“ на женските термини.
Имено, во пресрет на 8 Март, на тапет беше ставен зборот „менструација“. Двата предлог термини кои се во игра се „фемструација“, што е прифатено од меѓународната женска заедница, или пак „женструација“, што повеќе соодветствува на македонскиот јазик.
Ставот на феминистичките движења, следејќи го примерот од женското лоби во Европа, е дека и кај нас треба да се искорени префиксот „мен“, што на англиски значи „маж“, од термин кој се однесува исклучиво на жената, но останува да видиме кој од двата предлози ќе биде прифатен.
Официјален став на надлежните институции сѐ уште нема, но независно од исходот, дали оваа промена значи дека женското лоби е толку силно што во иднина би добиле и сосема нови називи, на пример за „МАЖоретка“, „МЕНопауза“, „БреМЕНост“, „МЕНискус“ и слично.