Со задоволство ви го претставуваме најновото музичко видео на Владимир Четкар за неговата авторска композиција ‘Joyride’. Видео записот е дело на Борче Димовски и е сниман на неколку локации во Охрид.

Инструменталната тема ‘Joyride’ ќе биде дел од третиот по ред студиски албум на Владимир Четкар кој во Март ќе биде издаден од страна на P-Vine една од најпознатите Јапонски и светски музички куќи.
‘Joyride’  е снимана вo њујоршките студија The Bunker Studio и Cowboy Technical Services а мастерингот е работан во Лондон во Carvery Mastering.

Она што е интересно и е вистински раритет е што песната ‘Come With Me’ со која беше најавен новиот албум на Четкар е секојдневно во етерот на многу радио станици во Јапонија како FM Cocolo, Inter FM, ZIP FM, K-Mix, FM – N1, Momo Radio и многу други.

Овој Март албумот кој се вика ‘GOING HOME’ ќе биде издаден со високотиражна дистрибуција насекаде во Јапонија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОвој викенд во Скопје 9тиот Саем за венчавки!
Следна објава“Златна Рамка” – ревија на македонски филмови од минатата календарска година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР