Зимата се уште трае и овие денови најчесто носиме зимски чевли или чизми. И додека пешачиме по дожд и снег, размислуваме за потопло време и облека за пролет и лето.

Модните дизајнери веќе подготвуваат колекции за потоплите денови, а ова се седумте модели кои ќе се носат оваа година …

Транспарентен ПВЦ

Дамите кои претпочитаат класична елеганција можеби нема да бидат воодушевени со транспарентните пластични модели, но кога ќе дознаат дека на овој тренд му потпаднаа и најпознатите модни куќи – Шанел, Келвин Клајн, Версаче и Балмен, кој ги постави на врвот на овогодинешниот пирамидален стил, сигурно ќе набават најмалку еден пар сандали, папучи или ПВЦ чизми.

Канап, рибарска мрежа, плетенки

Иако изгледаат робусно, морскиот канап се трансформира во “сув гламур” кога од него се изработени сандали, кои се тренд над трендовите оваа година.

Cat пета

Во новата сезона, оваа прекрасна класика се најде на самиот врв на листата на трендови за обувките. Чевли со Cat пета може да се носат постојано и да придонесат за елегантен и софистициран изглед.

Чорапи и сандали
Започна пред неколку години, како предлог за зимски стајлинг, а потоа “ја презеде контролата”: доскора неверојатна комбинација која се сметаше за огромен моден неуспех, но  оваа сезона стана ултимативен must have.

Дебел ѓон
Дизајнерите истакнуваат дека обувките со дебел ѓон се удобни, а притоа ги акцентираат тенките глуждови и убавина на ногата. Тука не се мисли на платформи, кои сè уште не излегуваат од мода, туку на “задебелена”, права линија на долниот дел од сандалата.

Гламурозни машни
Овој детаљ е суверен веќе неколку години, но креаторите се потрудија ова лето да се носат машни на сандали, првенствено бидејќи изгледаат предизвикувачки, секси и гламурозно.

Бела и розова боја
Александар Меквин, Баленцијага, Армани и Викторија Бекам се само некои од брендовите што ги пуштија ретро чевлите во розе и бела боја, во нивните колекции за претстојната сезона. Но, повеќето модели немаат многу сличност со оние од шеесеттите години, кои послужиле како инспирација: иако многу од нив имаат висока тенка штикла, тие се многу поробусни, украсени со футуристички металик детали, ремени и токи.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРецепт на денот: Montignac чоколадна торта без брашно!
Следна објаваRosie Huntington-Whiteley во модна кампања за BCBG MAX AZRIA!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР