Рецепт на денот: Montignac чоколадна торта без брашно!

Рецепт на денот: Montignac чоколадна торта без брашно!

Популарната Montignac чоколадна торта без брашно, наречена е по познатиот француски нутриционист Michel Montignac, кој напишал многу рецепти без брашно, а неговиот начин на исхрана “Јадам и слабеам” и денес е IN.

Основата на неговата исхрана не е намалување на храната и гладување, туку  правилен избор на намирници кои одговараат на метаболичкиот потенцијал, а не според калорискаta вредност.

Оваа торта е лесна, едноставна и брза за подготовка, а секој ќе ја сака.

Време на подготовка: 15 минути

Време за печење: 8 минути

Време на ладење: 30 минути + 1 ден

Температура на рерната: 240C

  • 35 дкг темно чоколадо (70% какао)
    10 жолчки
    10 белки
    прстофат цимет
    10 дкг темно чоколадо за глазура

Загрејте ја рерната на 240C. Одвоете ги жолчките од белките. Жолчките од јајцата, изматете ги пенесто и на пареа додадете го растопеното чоколадо. Белките миксирајте ги додека да добиете цврста пена и полека со лажица додадете ги во мешавината. Истурете ја смесата во подмачкан и со брашно поминат калап. Се пече во загреана рерна 8 минути. Кога ќе се излади (за околу половина час), свртете ја наопаку.

Растопете го на пареа темното чоколадо и прелијте ја тортата со чоколадната глазура. Во чоколадната глазура, може да додадете малку млеко и масло, или путер, или направте ганаж, – на пареа стопете го чоколадото во слатка павлака.

Ставете ја во фрижидер неколку часа или најдобро до следниот ден.

Bon apetit!

СПОДЕЛИ
Претходна објава3 важни причини зошто треба да јадете бадеми!
Следна објава7 модели на хит чевли за пролет/лето 2019!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР