На Париската Модна Недела која неодамна заврши беа преставени најновите модели на големите модни куќи `Haute Couture`, прекрасни колекции за сезона пролет/лето 2019.

Модните критичари и стручњаци веднаш се `фрлија` на работа анализирајќи ги детално сработените модели на големите мајстори на модата, кои изнедрија од нивните работилници, а оценките беа извонредни.

На прв поглед највпечатлива е Кобатната Плава боја како уште и ја нарекуват и кралска боја. Таа ќе внесе доза на гламур во вашиот аутфит, и ќе направи да изгледате мошне елегантно.

За дневните пригоди се препорачува оваа нијанса да комбинирате со неутрални бои како што се бела, розе, пудер, додека за вечерните изглегувања се препорачува комбинација на кобалтно плава со црвена и црна.

Моделите на Giogio Armani и Jean Paul Gaultier беа фаворити на Париската Модна Недела. Во продолжение погледнете ја галеријата на модели кои ги одбравме за вас!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР