Драги пријатели,

Бидејќи двата концерта на Каролина и Македонската филхармонија се одамна распродадени и многу нејзини фанови се останати без влезници, би сакале да Ве информираме дека се одлучивме да се одржат уште два завршни концерти на Каролина со оркестарот на Македонската филхармонија, на 20-ти и 22-ри февруари, на исто место.

Овие концерти претставуваат пресек во кариерата на Каролина и веруваме дека ќе биде вистинско задоволство да се види и слушне како тоа ќе изгледа заедно во комбинација со оркестарот на Македонската филхармонија.

Влезниците по цена од 1.000 денари се веќе во продажба онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.

Ви препорачуваме да побрзате со купувањето на Вашите билети!

 

Авалон Продукција

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМраз-сина боја на коса го означи почетокот на 2019 година!
Следна објаваМанчевски ја доби наградата Eastern star на Trieste филмскиот фестивал во Италија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР