Суданско-австралискиот модел Adut Akech Bior беше прогласена за најдобар модел на светот.

Според изборот Models.com Industry Award 19-годишната манекенка е подобра од супермоделите Gigi и Bellа Hadid, кои се сметаат за најдобри во модниот свет. Оваа награда ја доби откако отворено зборуваше за нејзините проблеми со анксиозоноста и депресијата.

Модната кариера ја започна на возраст од 16 години. Таа призна дека минатата година секое утро и ноќ плачела. Честитајќи им ја Новата година на обожавателите на социјални мрежи, таа призна дека и покрај нејзината успешна кариера, страда од длабока депресија и анксиозност. Таа нагласи како учи да се бори против тоа, но понекогаш чувствата ја совладуваат.

“Учам како да се борам и подобро е, но тоа е секојдневна борба и не е секој ден добар. Секој ден во 2018 година, беше предизвик за мене исполнет со сериозни и озбилни пречки”. “Наутро ќе плачев, преку ден ќе ја нафрлев најголемата насмевка  и се преправав дека сум во ред, а потоа ќе се вратев дома и повторно ќе плачев додека не заспијам”, напиша таа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBritney Spears прави пауза од настапите!
Следна објаваУбавина: Природен серум за трепки!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР