Овој викенд Во Скопје Сити Мол за прв пат најмладите имаа можност да уживаат во новогодишната атмосфера и Новогодишниот свет на бајките. Децата уживаа во бајките кои секој од нас го прават посебно среќен како: Куќата на Аладин и џинот од ламбата, слонот на 1001 ноќ, Ивица и Марица со Вештерката, Летечкиот килим на Аладин, Штиклата на Пепелашка, Кочијата на Пепелашка. А во неделата појадуваа со Дедо Мраз.

Богатата програма и предновогодишна магија во светот на бајките продолжува и овој викенд.

Турите ќе започнат во петок од 18:00 до 20:00 часот, а сабота и недела ќе има повеќе тури во двa термини, од 13:00-15:00 и од 18:00 до 20:00.

Поради големата заинтересираност и посетеност, секој од вас кој би сакал да ги посети турите, и останатите содржини како појадок во недела со Дедо Мраз од 11:00 часот и работилницте и претставите од 11:45, ќе мора задолжително да се пријави на пултовите од новогодишниот свет на бајките во Скопје Сити Мол. Пријавувањето е до четврток, а бројот е ограничен.

Радост, смеа и возбуда можеа да се забележат на детските ликови, кој за прв пат визуелно прошетаа низ најомилените приказни. Особена возбуда донесе магичниот килим кој ги однесе во светот на Аладин, но тука беа и Пепелашка во својата кочија, слонот од 1001 ноќ како и вештерките од Ивица и Марица кој донесоа посебна возбуда во детските срца. Се разбира според ветеното, а и во духот на предновогодишната магија беше појадокот со Дедо Мраз, кој ги слушна и ги запиша желбите за подароци.

Среќни, насмеани и возбудени што оваа година ќе им донесе Дедо Мраз, за дечињата заврши првиот викенд во Новогодишниот свет на бајките во Скопје Сити Мол, со ветување на уште еден незаборавен детски забавен викенд кој ве очекува.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТопли зимски чевли се совршен новогодишен подарок!
Следна објаваСкулптурата на славниот уметник Banksy по цена од само $2.5 долари
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР