Црвенaта, портокаловата, жолтата и кафената, се топли бои. Но, дали знаете како правилно да ги комбинирате во ентериерот за да изгледат убаво и правилно да се надополнуваат со неутралните тонови?

За да ви помогнеме да дознаете повеќе за топлите шеми на декорирање, проверете ги следните идеи кои со сигурност ќе направат пријатна атмосфера во вашиот дом.

При користењето на топлите бои во декорирање на домот, треба да бидете многу внимателни.

Доколку сакате да преовладува топлата боја, на пример црвената, треба да имате уникатни елементи кои ќе го направат просторот пријатен.

Кога одите на полесната варијанта на украсување на домот со топли бои, тогаш можете да експериментирате повеќе и да овозможите топла атмосфера која ќе ги задржи неутралните тонови.

Комбинирањето на неколку различни топли тонови, исто така е ризично при декорирање на ентериерот, но кога ќе се направи добра комбинација на бои и елементи неизбежен е восхитот на хаброста за преземениот ризик.

Можеби една од најбезбедните варијанти за декорирање со топлите тонови е кафената боја. Најчесто тоа се дрвени елементи кои му даваат на просторот посебна топлина, енергија и чувство на припадност.

Ние ви ги предлагаме овие интересни простории декорирани со топли тонови, кои се надеваме ќе ве инспирираат…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрва празнична кампања на Салваторе Ферагамо!
Следна објаваМонтажерот на „Пред дождот“, Ник Гастер, добитник на наградата за животно дело на фестивалот „Синематик“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР