Дали би се одлучиле за ботаничко ремек-дело на вашиот ѕид?

Ние сме големи фанови на зелените ѕидови.

Тие се лесни за одгледување и постојат многу совршени опции за креирање на зелен ѕид. Овие ботанички дизајни се нашите омилени примери за оживување на домот. Еве неколку стилски ѕидови од мов за секоја просторија во вашиот дом.

Совршена кујна со зеленило во Њујорк

Со цел да се прикрие непривлечниот поглед од овој стан во Њујорк, прозорците се искористени за два зелени ѕидни панели од Artisan Moss со седиште во Калифорнија.

Ѕидна креација во дворот со одличен поглед

Доколку во дворот не ви е овозможен убав поглед, можете сами да креирате со еден зелен ѕид и да уживате во природата! Токму тоа го овозможи  Matarozzi Pelsinger Builders со седиште во северниот дел на Калифорнија.

Прилагоден натпис на ѕидот

Зелената површина не мора да  биде аплицирана на ѕидот, таа може да биде изработена во поразличен стил како што е направен овој дизајн од Green Wallscapes од West Palm Beach, Флорида.

Зелен ѕид со розеви акценти

Мовта може да се обои со различни бои користејќи природни и нетоксични бои. Ботаничкото ремек-дело во оваа дневна соба е од “Planted Design” од Емеривил, Калифорнија.

Зелените ѕидови се совршени за бањите

Зелените ѕидови се идеални за бањи, бидејќи ја впиваат пареата. Архитектонската фирма во Калифорнија, Siol, ја создаде оваа фантастична бања, која не само што ги олеснува дневните потреби на сопствениците, туку исто така ги задоволува желбите за прекрасно природно зеленило.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПочнува КРИК 03 фестивал за критичка култура
Следна објаваСветски познатиот бренд Bürotime го отвори своето претставништво во Македонија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР