Катчето за читање може многу лесно да стане вашето омилено место во целиот дом, кое веројатно никогаш нема да сакате да го напуштие, заради тоа, ако сакате да создадете еден ваков комфорен простор, ви нудиме неколку најдобри идеи.

Место

Започнете го својот проект со одлука за тоа каде ќе биде вашето катче за читање. Најпопуларното место претставува аголот во дневната соба. Зашто? Од причина што е подобро да се избере секција на просторијата што може да биде потенцијално занемарлива и одделна од остатокот. Ако не е доволно одвоена и чувствувате дека ќе бидете нарушени во аголот на дневниот престој, обидете се со спалната соба која е веќе комфорен простор и ви дава почетна предност.

Мебел

Комплетно опремениот агол за читање треба да вклучува удобен стол, фотеља или отоман, а можеби и полици за книги, ако дозволува просторот. Бидејќи овој амбиент за читање е главно со мала квадратура, мултифункционалните парчиња на мебел претставуваат практична опција. Постојат многу комбинации што може да ги разгледате, како клупи со додатен долен простор, масички со полици, како и посебни столици за читање со вградени шкафчиња.

Осветлување

Осветувањето е секогаш многу важно и игра посебна улога во катчињата за читање. Потребно е да се најде идеално место близу прозорецот и природната светлина, ако тоа е можно. Во секој случај, треба да имате доволно количество вештачка светлина, така што подната ламба е идеална илуминација, прв и правилнен избор. Ако вашиот простор е премал или едноставно не чувствувате дека подното осветлување ќе биде доволно добро за вас, определете се за подвижни компоненти наместо нив.

Аксесоари

За да го направите вашиот простор за читање многу удобен, потребно е да додадете неколку акцентни детали, како што се богато наполнети перници, топло ќебе и неколку свеќи за подобра атмосфера. Дополнително, можете да го опремите вашето катче со радиатор или сличен вид на грејно тело за да можете да уживате во топлиот амбиент во текот на зимата. Секој аксесоар кој ви се допаѓа и кој може да го вклучите во својот стил, секогаш е добредојден. Сместете се удобно во својот литературен простор колку што е можно комотно и уживајте во секој момент поминат во него.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоден тренд: Џемперите се хит на сезоната!
Следна објаваГодишната изложба на основни училишта „Дада и јас“ во Даут пашин амам
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР