Дознајте кои бои, материјали, детали и мебел, заслужуваат да се најдат во вашиот дом во 2019-та година.

1. Иновативни материјали

Во производството на веќе постоечките или новите материјали, од година во година, напредокот може да се забалежи. Така, следната година, стаклото, а особено стаклените маси, ќе бидат исклучително застапени. Тоа што е интересно, е дека на нив ќе има контури како вени, пердуви и мермери.

2. Бојата на годината е …

Не е можно да се зборува за дизајнот на ентериерот, без да се утврди водечката боја за таа година. Во 2019 година тоа ќе биде темно мат зелена. Доаѓа на време, како одлична алтернатива на црната, која беше израсито застапена во 2018 година. Сосема добро ќе се вклопи со сјајни детали и елементи, но ако е премногу инвазивно, почнете со само еден ѕид, полица или шкаф за почеток.

3. Мултифункционалност на просторот …

Од лизгачки врати, до кревет на тркала, следната година ќе ја одбележат променливи елементи, кои со својата мобилност одново ќе го менуваат просторот. Сличен пристап на средување на ентериери ќе му помогне секому кој живее во мал простор и сака максимално да ја искористи неговата квадратура.

4. Компактен мебел

Сметајќи дека дизајнот на мебел е уметност за себе, може да се рече дека ќе можеме да ја збогатиме куќата или станот со парчиња добро обмислен мебел. Ова значи дека дизајнерите сериозно го земале предвид прилагодувањето на големината на просториите со големината на мебелот, така што ќе се пронајдат минијатурни парчиња, како и оние со предимензиониран изглед.

5. Враќање на Бохо стилот

Всушност бохо стилот никогаш не излегува од мода, но изгледа дека наскоро повторно ќе биде еден од водечките трендови. Неговата слоевитост и слобода во комбинирање на бои, материјали и форми, ќе му даде секому одврзани раце во креативна смисла. Покрај тоа, стилот boho во секој дом носи пријатна атмосфера на добредојде, така што секој што ќе се најде во него, ќе се чувствува повеќе од удобно.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈакна од пердуви е “must have” оваа зима!
Следна објаваПо што се разликува Black Friday во Македонија и во Америка
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР