Кога станува збор за индустриски дизајн на ентериер, првото нешто што можеме да го кажеме е дека неговата популарност се зголемува од ден на ден…

Во овој правец сè се базира како изглед на магацин, задолжен за комбинирање на вистински индустриски чувства со широк спектар на други стилови. Овој стил главно се користи во мансардни станови, модерни домови и јавни простори ширум светот, а ако сакате да ја искористите неговата популарност и прекрасните елементи кои ги донесува, лесно е да ги вклучите во вашиот домашен декор со неколку идеи кои за вас ги подготвивме.

Палети на бои
Една од првите работи што ќе ја забележите во индустриските простории е дека тие немаат премногу впечатливи акценти и детали. Наместо тоа, овој стил се потпира на употребата на комбинации на неутрални нијанси за да создаде чист и јасен изглед.

Избегнувајте контрасти, а наместо изместување на белата и кафената, поставете неколку различни кафени и крем тонови. Користете ги овие нијанси како доминантни во просторот, со другите неутрали кои ќе ви послужат како акценти. Топлите  неутралните бои можат да помогнат во внесувањето на визуелна топлина во индустрискиот стил, делумно во деловите кои инаку би биле совладани со колони од метални цевки и монтажни спојки.

Материјали
Изложените ѕидови од тули претставуваат убави карактеристики на декорација во индустриски стил, а ако сте доволно среќни да ги поседувате, истакнете ги колку што можете. Од друга страна, ако ги немате во вашиот ентериер, тогаш креирајте ги. Постојат панели со идентични шеми кои ви се достапни и секогаш можете да ги користите.

Уште еден препознатлив елемент на индустриските ентериери е присуството на карактеристики кои луѓето имаат тенденција да ги сокријат, како цевките и зглобовите на различни инсталации. Можете да замислите колку оваа тактика ќе стане по ослободена, кога концептот на становите-магацини ќе стане по-популарен. Цевките на отворено, можат да биде одличен избор во целосно бели простори, бидејќи светлината на ѕидовите и таваните создава остар контраст на металот и цевките.

Мебел и додатоци
Сите знаеме дека индустрискиот стил вклучува метал и дрво. Овие материјали се комбинираат за да создадат голем број парчиња на мебел во индустриски стил. Многубројните елементи за кои зборуваме се безвременски, додека останатите, својата инспирација ја должат на старите фабрички и лабораториски модели. Покрај тоа, барските столици во индустријски стил се совршен додаток на кујните од секаков вид и во просторот се вклопуваат на идеален начин.

СПОДЕЛИ
Претходна објава4 модели на длабоки есенски чевли за мажи!
Следна објаваМакедонска апликација го освојува глобалниот пазар
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР