11 ноември (недела) Мала сала на Македонската филхармонија
20:00 часот(Во соработка со Амбасада на Република Полска)


Концерт на

АГАТА КМАК (Agata Kmak) – виолина
МАРСИН ГУЗИК (Marcin Guzik) – пијано
Полска

РИСТО ЃОРЕВСКИ к.г. – кларинет

Агата Кмак е родена во 1993 година. Почнала да учи виолина во Државното Музичко училиште во Јаворжно во класата на педагогот Маржена Шиновиец.
Дипломирала на Музичката Академија „Карол Шимановски“ во Катовице во класата на реномираниот виолинист Проф. Шимон Крешовиец.
Во јуни 2017 година магистрирала на тема „Творештвото на македонскиот композитор Томислав Зографски“ кај Проф. Шимон Крешовиец.
Работи како наставник по виолина во Државното музичко училиште во Јаворжно.
Постојан член и концерт мајстор е на Камерниот оркестар „Аркети“ при Културниот центар во Јаворжно.
Покрај редовните настапи со Камерниот оркестар „Аркети“ во Полска, настапувала со истиот Камерен оркестар во Бодгошт на Меѓународната средба на млади музичари „Музички Импресии“ и во Виена на Меѓународниот фестивал на млади „Summa Cum Laude“.
Настапувала и со други реномирани оркестри: со Младинскиот симфониски оркестар „Карол Шимановски“ од Катовице на турнеја во Германија, со Камерниот оркестар Bohdan Warchal во Словачка на концертот „Талентите на Европа“, со Словачката Синфониета на Музичкиот фестивал „Violin Autumn“, со Филхармонијата на Шлезија на G.G.Gorczycki Festival и со Младинската филхармонија на Шлезија на Фестивалот „ The Stars Promote“.
Добитник е на Прва награда на Меѓународниот натпревар за виолина Bohdan Warchal во Словачка, Прва награда и Златен медал на Националниот натпревар Grażyna Bacewicz во Вроцлавво Полска и Janko Muzykant во Сокачев во Полска, повеќе втори награди и признанија на натпревари по виолина во Полска (Познан, Лублин, Томашов Мазовиецки, Рибник, Сталова Вола), Италија, Србија и Чешка.
Во 2016 година на Меѓународниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“ за изведба на композицијата „Песна“ од Зографски, Фондацијата „Томислав Зографски“ и врачи Диплома.
За Магистерскиот труд на тема „Творештвото на македонскиот композитор Томислав Зографски“ и за изведба на композицијата „Песна“ за соло виолина од Зографски во јуни 2017 година, Фондацијата ја прогласи на Лауреат на Grand Prix 2017, највисоката награда која ја доделува Одборот на Фондацијата за особено значајни настани поврзани со творештвото на Зографски.

Марсин Гузик е роден во 1993 година. Започнал да учи пијано во Државното Музичко Училиште во Sosnowiec во класата на педагогот Ewa Wilczek. Средно музичко образование стекнал во истото училиште во класата по пијано на педагогот Olga Fidos-Czuba.
Учествувал на работилници по пијано раководени од повеќе професори: Monika Sikorska Wojtacha, Zbigniew Raubo и Stefan Wojtas.
Добитник е на Прва награда во 2006 година на петнаесеттиот Натпревар за камерна музика во Bystrzycki.
Како претставник на Sosnowiec настапил во Франција на фестивалот Les Mireaux по повод одбележувањето на годишнината од соработката на градови-партнери, со бендот Back to Big Band како дел од вториот Zagłębie Organ Festival.
Дипломирал на Музичката Академија „Карол Шимановски“ во Катовице во класата по пијано на проф. д-р Hanna Kryjak.
Maгистерските студии по пијано ги завршил на истата Академија во класата на проф. д-р Piotr Banasik.
Марсин Гузик работи и како соработник по пијано во Државното Музичко Училиште во Јаворжно.

Ристо Ѓоревски има дипломирано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде се има и здобиено со магистерска диплома. Во 2018 година ја има завршено пост-дипломската артистичка обука за изведба на кларинет на Универзитетот за музика Фредерик Шопен во Варшава.
Како солист и член на дуо, како и на камерни ансамбли и оркестри има настапувано во Австрија, Албанија, Србија, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Полска, Русија, Израел, САД, Индонезија.
Има настапувано со многу оркестри од Македонија, Полска, Русија, со реномирани диригенти и музичари.
Ристо Ѓоревски е член на Скопскиот дувачки квинтет и на Дуо Кларинети. Има добиено многу први места за кларинет и камерна музика. Присуствувал на повеќе мастер курсеви со светско-реномирани кларинетисти во Македонија и во странство. Три компактни диска се снимени со негови перформанси како солист, како и со „Скопскиот дувачки квинтет“.
Тој е почесен член на Фондацијата „Томислав Зографски“.
Моментално работи како член на оркестарот на Македонската опера и балет.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКолку Македонија има успешни мажи?
Следна објаваИзбери ХОТЕЛ, чаша ВИНО и уживај во КИНО за петочка после-работна забава
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР