Денеска и утре во вашиот омилен Скопје Сити Мол по втор пат ќе се одржи манифестацијата „Во светот на Физиката“ која ќе опфати натпревари, експерименти, работилници, предавања и изложби за сите генерации.

Овој настан е во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија, и „Скопје Сити Мол“, и е продолжение на Месец на Науката, настан кој се одржа во 2016.

Во рамки на настанот ќе се одржи и 42. школа „Млади физичари“ на која учениците ќе се натпреваруваат во изработки, демонстрации и експерименти.

“Овие два дена ќе бидат организирани креативни детски работилници каде најмалите ќе може на сосема поинаков начин да се запознаат со природните закони на науката. Како дел од месецот на науката ќе можат да се проследат и предавања на разни теми од сите научни области од научници од Македонија како и од гостите од странство. Покрај овие активности, низ „Скопје Сити мол“ ќе има и разни поставки на кои ќе бидат презентирани технички помагала и апарати, како и материјалите за работа на овие научни институции” соопштиjа организаторите.

Настанот ќе изобилува со многу активности, а изложбите и натпреварите во изработки, демонстрации, експерименти, симулации и модели се од отворен тип и може да ги посети секој што е заинтересиран на вториот кат од Скопје Сити Мол.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да ја откриете вистинската нијанса на кармин за вас?
Следна објаваКолку Македонија има успешни мажи?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР