Повторно, илјадата метри квадратни изложбен простор беа премали да се распостели дел од ретроспективното творештво на Дадата и да ја собере сета публика,почитувачите на работата на Националната галерија на Македонија, љубителите на творештвото на доајенот на македонската скулптура и уметност.

На отворањето стотици лица беа надвор на двата влеза од објектот чекајки можност да го погледнат мозаикот на распосланиот мермер обликуван од рацете на еден голем уметник, дрвените и брозаните скулптури,  минајтурите репродуцирани во монументални изведби.

Директорката на галеријата, д-р Дита Старова Ќерими кажа дека Драган Попоски Дада не е присатен на ликовната сцена само како влијатеен автор, тој има и значајна улога во развојот и воспремањето на скулптурата во Македонија, и преку неговата педагошка дејност како и со изведбата на поголем број споменички одбележја во јавни
простори….

Министерот Асаф Адеми рече: „Велат дека, секој народ преку својата култура и уметност се соединува со светот, но истовремено, се издвојува од него.
Изложените скулптури и цртежи ги одбележуваат сите фази од творештвото
на авторот, кој настојувајќи да го направи светот подобар, го испреплетува видливото од невидливото,скриеното и разоткриеното, токму онака како што скулпторот низ макотрпниот процес на вајање ја раѓа формата …“.Исто така му посака добро здравје и се заблагодари на личниот придонес како автор и професор на Академијата за
ликовни уметности.

Дел од протоколот беше д-р Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје истакна:
„Во што е големината на уметникот, за нас неуметниците, вљубениците во уметноста? Во тоа што неговото дело не плени, не остава без здив, и тогаш кога можеби и најнепрецизно го разбираме тоа што авторот сакал да го каже. Тоа е оној момент, кога не можеме да го тргнеме погледот од делото, кога ужте долго го мислиме, а низ главата ни се ројат прашања за секоја точка на креацијата. Големината на уметникот е
во тоа што и тогаш кога не ни е најјасно дали обликот пред нас е жена или цвет,задржувајки го нашето внимание авторот инспирира и мами да се запознаеме што
повеќе со предметот на нашето воодушевување…“

Ретроспективно-монографската изложба е заокружена со печатено издание чиј
покровител е Комерцијална банка АД,Скопје. Издавачот, Национална галерија на Македонија изразува благодарност за искажаната општествена одговорност и подршката на проектот од областа на културата.

Изложбите со кои се одбележува јубилејот посветен на 70 годишнината од основањето на нашата институција ги поместија границите и критериумите за посетеност на настани од ваков вид. За да чувството на задоволство биде комплетно се погрижи јубилејниот покровител, Винарската визба Тиквеш.Благодарни сме на подршката која ја добиваме во текот на целата 2018 година.

Во продолжение доставуваме фотогалерија и видео запис од отворањето на настанот, а за сите кои не беа во можност да присуствуваат на отворањето информираме дека истата ќе биде поставен до 24 ноември 2018 година.

 

Линк од видеото од отворањето на
изложбата
https://www.youtube.com/watch?v=bj7AHc8Xh94&fbclid=IwAR324b782agUid-FstSuf0qwN7FfOsrWvCWHcsQtT-1-WkiLL0bbyql70X0

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPLAYUK ARCADIA 2018 ГИ ЗАПОЧНА СВОИТЕ АКТИВНОСТИ
Следна објаваШто ќе се случува во Јавна Соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР