За да авалонскава година заврши како што треба, со навистина огромен ќеиф ви најавуваме: најголемата музичка актуелна регионална ѕвезда GIBONNI ќе биде хедлајнер на овогодинешното издание на фестивалот All you need is love, во недела на 23-ти декември!

Идеална прилика за голема предновогодишна фешта на која ќе се соберат сите љубители на Gibo и добрата музика од Македонија во ВИП Арената.

За Gibonni нема што да се каже, се` се знае, човек со премногу добри песни од кои секој од нас има понекоја своја и човек кој прави фантастични настапи!

Другите изведувачи ќе бидат познати во понеделник, на 29-ти октомври, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба преку avalon.mk од среда, 31-ти октомври во 09 часот, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 700 денари
ФАН ПИТ- 1000 денари
SILVER SEATS- 1000 денари
GOLDEN SEATS- 1200 денари
ВИП- 2000 денари

Во продажба ќе бидат и Вип пакети за кои дополнително ќе известиме.

Се гледаме на голема предновогодишна журка!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВенчаници 2019: Zuhair Murad го одбра егзотичниот лотос, симболот на чисто срце и ум!
Следна објаваЗа 20 години Таксират: МАНУ ЧАО ВЕЧЕРВА ВО МКЦ!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР