Познатиот хип хоп диџеј и продуцент Jazzy Jeff имаше незаборавен настап во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје. Како што соопштија од „SureShotz Entertainment“,  кои концертот го организира по повод 14-годишнината од своето постоење, култниот музичар допатува во Скопје. 

(Фотографиите се дело на ( Miladin Papovic )

Jazzy Jeff е легенда на хип-хоп културата, роден пред 53 години во Филаделфија, каде на 10 годишна возраст за прв пат се среќава со магијата на грамофоните.

Тој е пионер на “transformer” и “chirp scratch“ техниките, кои за прв пат се среќаваат во 1998 година во мега хитот “Gettin` Jiggy Wit It” на Will Smith. Двајцата се запознале на приватна забава во 1985 година и веднаш започнале да работат заедно под името Dj Jazzy Jeff and The Fresh Prince, нешто што подоцна се покажува како пресврт во кариерата на Jeff.

Следната година ја освојува „Dj Competition” наградата на „New Music Seminar“, и потпишува договор со продуцентската куќа „Word Up Label“. Дуото во својата 10 годишна кариера објавува пет студиски албуми, а ќе останат запаметени по тоа што се првите рап артисти кои освоиле Греми во 1989.  По распадот на бендот се посветува на својата продуцентска куќа „A Touch of Jazz”, преку која помага во развојот на кариерите на голем број квалитетни музички.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМистеријата на сините дијаманти!
Следна објаваНов едиторијал на Mango за есенската колекција!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР