Заради огромниот интерес и распродадениот прв концерт, Пламенка Трајковска -гудачки квартет го најавуваат својот втор концерт со наслов Што е тоа гудачки квартет на 20 октомври во 18 часот во Македонската филхармонија.

Откога експресно се продадодоа билетите за првиот концерт Што е тоа гудачки квартет, квартетот со поддршка на Македонската филхармонија одлучи да организира уште еден концерт во 18 часот. Во текот на денот и за овој концерт се продадоа многу билети и сосема е можно да биде организиран уште еден трет концерт во 20 часот со цел на сите заинтересирани да уживаат во концертот.

Класични концерти за децата се во фокусот на Пламенка Трајковска – мали камерни состави  и тие во изминатите години реализираа повеќе концерти во домовите за култура и во основните училишта. За проектот Што е тоа гудачки квартет добија поддршка од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2018 година и од Македонската филхармонија.

Билетите за концертите се продаваат во Македонската филхармонија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVictoria Beckham е на насловната страница на австралискиот Vogue!
Следна објаваРетро шарм во современа форма на Bitsiani есен/зима 2018
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР