Маја Маск – модна икона, учител, нутриционист и мајка

Моделот Маја Маск, која има 70 години и е мајка на Илон Маск, проговори во “Гардијaн” за женската самодоверба, стареењето и за тоа како таа ги воспитала и научила своите деца да бидат внималетни кон другите.

“Jас ги подигнав моите деца како самохрана мајка со многу малку пари и ние преживеавме. По разводод од сопругот во Јужна Африка се преселив со трите деца во Торонто без приходи. Плачев кога ќе им се истуреше млекото бидејќи немав пари да им купам друго.

Бев познат модел уште на 15-годишна возраст во Јужна Африка, меѓутоа моите пари пари беа замрзнати, недопирливи во банките во Јужна Африка. Тоа беше владина политика за да се обесхрабрат сите што сакаа да ја напуштат земјата.

Живеевме во изнајмен стан во Торонто, а Илон спиеше на кауч. Ни требаше три недели да го исчистиме станот, успеав да заштедам пари за да купам постелнина од 5 долари. Последователно купив и кревети, па компјутер, потоа столици- (вие секогаш можете да работите и на подот), им ги скратив косите, а носеа чевли од 19 долари.

Моите деца се љубовта на мојот живот. Сите три, се блијантни. Но немате претстава колку се бријантни додека не пораснат. Возможно е да бидеш извонреден, но тоа да не го претвориш во пари. За среќа, моите деца и тоа го реализираа. Ги научив да бидат одговорни кон себеси и полни со разбирање кон другите. И секако, тоа се исплатеше.

Ги искористив сите мои контакти за да им најдам работа на своите деца за да можат да имаат свои средства. Тие секогаш успеваа да се изборат да добијат стипендија на фалултет: ги направив да бидат независни уште на млада возраст.

Моите најрани мемории се од 4 годишна возраст во Јужна Африка, кога тргнав на училиште и пешачев скоро по 2 километри, држејки се за рака со мојата сестра близначка. Можеби, ќе подзабавам малку на возраст од 96 години – тоа е возраста кога мојата мајка се пензионираше. Таа беше уметник и се до таа возраст работеше, а потоа мораше да се префрли да работи на компјутер бидејки многу се тресеше и беше среќна до крајот на својот живот.

Татко ми загина во авионска несреќа на 73 години, меѓутоа јас никогаш не сум се плашела од летање.

Моето тело е исто толку добро колку и храната која ја консумирам. Никој никогаш не побарал од мене да направам фејслифтинг или да ставам ботокс и за 70-годишна жена се чувствувам фантастично. Јас секогаш работам, тоа е мојата најлоша навика ама се исплати. Мојата цела фамилија е иста. Од моите родители до моите 11 внуци. Мислам дека жените треба да се едуцираат и да допринесуваат во општеството, но истовремено да се трудат да изгледаат што подобро можат. Задоволна сум со тоа што постои шминката, меѓутоа интелегенцијата е најатрактивната страна на една жена. Никогаш не сум мислела за себе како бинтовничка, меѓутоа бидејки сум се уште модел за мода, носејќи необични креации на висока мода, мислам дека тоа е доволно бунтовнички. Не само што се чувствувам одлично како стареам, туку ова е мојата најдобра година во животот.

Чекорев по модната писта 50 години, така да мислам сето ова што сега ми се случува го заслужив.

Жените, треба да излезат во јавноста и да се помашаат меѓусебно за да имаат самодоверба. Треба да се одалечиме од луѓе кои не влечат надолу- тоа сум го направила многу пати.

Постојано си повторував” и ова секако ќе помина” – трикот е во тоа што следниот пат треба да се излезе од таква ситуација порано.

Моите хероини се Кристин Лагард и Ангела Меркел. Блилантни жени кои што правата добри работи.

Не сум заинтересира да влезам во политиката, тоа е прилично погана работа. Жените се подобри во згижувањето отколку мажите. Им давам на моите внуци совет: да јадат добро и да имаат убаво однесување. Нетолерантна сум кон себичноста, а пак тие мислат дека сум фантастична. Која е вистинската учога на бабата? Даго патаува светот како модел…хахаха.

Сакам да читам романи со јаки жени и среќни завршетоци. Не пијам, не сакам да изгубам контрола и никогаш не сум можела да разберам зошто некој што имал мамурлук повторно би го направил тоа.

Митовите за диететската исхрана ме полудуваат. Додатоци?  НЕ!”

СПОДЕЛИ
Претходна објаваUltimate Gold Cappuccino – кафе Arabica со злато!
Следна објаваIKEA – нова LUSTIGT колекција посветена на децата!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР