Боите во вашиот дом се директен одраз на вашата личност.
Тие имаат силно влијание на многу начини, во зависност од возраста, полот, етничката припадност и климата.
Не треба да се грижите за трендовите за да имате убав и релаксиран дом. Трендовите  доаѓаат и си одат.
Боите дејствуваат на три основни начини: активен, пасивен и неутрален. Лесно можете да ја прилагодите бојата на собата со вашите лични карактерни особини, вкус и функцијата на собата.
Светлите бои се експанзивни и “ладни“, со што се чини дека собите се поголеми и посветли.
Темните бои се софистицирани и “топли“, тие им даваат на поголемите простори поинтимен изглед.
Црвената боја го зголемува нивото на енергија во собата. Најинтензивната боја, го зголемува адреналинот како ниедна друга нијанса. Таа е добар избор кога сакате да предизвикате возбуда, посебно навечер. Во дневната соба или трпезаријата, црвената боја ги привлекува луѓето да седат заедно и го стимулира разговорот. На влезната врата, таа создава силен прв впечаток.
Жолтата ја доловува радоста на сонцето и ја прикажува среќата. Таа е одличен избор за кујни, трпезарии и бањи. Во сали и мали простори, жолтата може да се почувствува како експанзивна и гостопримлива.
Сината го намалува крвниот притисок, го успорува дишењето и срцевиот ритам. Затоа се смета за смирувачка, опуштена и спокојна, а често се препорачува за спални соби и купатила.

Зелената боја се смета за најсмирувачка боја за окото. Таа е погодна за речиси секоја соба во куќата. Зелената, исто така, има смирувачки ефект кога се користи како главна боја за украсување. Се верува дека го намалува стресот, помагајќи им на луѓето да се релаксираат. Исто така, се верува дека помага за плодноста, што ја прави одличен избор за спалната соба.

Виолетовата, во своите најтемни нијанси, е богата, драматична и софистицирана. Таа е поврзана со луксуз и креативност. Посветлите верзии на виолетовата, како што се лавандата и јоргованот, го носат истиот мирен квалитет во спалните соби како сината, но без ризик да се чувствуваат студено.

Портокаловата боја евоцира возбуда и ентузијазам, таа е енергична боја. Иако не е добра идеја за дневна соба или за спални соби, оваа боја е одлична за соба за вежбање, таа ќе ги изложи сите емоции што ви требаат за време на вашата фитнес рутина. Во античките култури, се верувало дека портокаловата боја ги лекува белите дробови и го зголемува нивото на енергија.

Неутралите (црна, сива, бела и кафена)бои, се основни за декорирање на домот. Сите неутрални шеми доаѓаат и излегуваат од мода, но нивната доблест лежи во нивната флексибилност, додадете од овие бои за да ги оживеете работите, одземете, за да ги смирите работите. Црната боја најдобро е да се користи во мали дози, како акцент. Всушност, некои експерти сметаат дека секоја соба има потреба од црна боја за да ги разјасни боите и да им даде длабочина.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПланински градови во Канада идеални за есенскиот и зимскиот период!
Следна објаваЕкстравагантни кружни кревети за гламурозна спална соба!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР