На осми септември, токму на денот на осамостојувањето на нашата држава ќе се случи промоција на четвртата книга од едицијата “Македонски збор” која е во сопственост на фондацијата за македонски јазик `Небрегово`.

Почитувачите на ликот и делото на Џинот од Небрегово, како и повеќе автори се пријавиле на овој конкурс кој е објавен во соработка на Министреството за култура.

Блаже Конески е нашиот најзначаен литературен творец и ваквите литературни читања придонесуваат за поголемо вреднување на богатото творештво кој го остави овој наш автор.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР