Есента е речиси на прагот и сега е вистинското време да размислите за најдобрите начини како да ја поздравите оваа сакана сезона, со совршена домашна  декорација.

За сето ова, постојат многу начини, од кречење на ѕидови до додавање на ситни, фини есенски детали, но сега ние ќе се потпреме само на најлесните, кои можат многу брзо да се имплементираат во домашната декорација.

Ви нудиме неколку најлесни совети за уредување на совршен есенски стил во ентериерот..

Бои
Вклучете ги есенските нијанси во вашата постоечка палета на бои. Тие можат да бидат црвени, портокалови, бордо, длабоко црвени, жолти или ако сметате дека неутралните се вашиот фаворит, тогаш вклучете – кафени, маслинесто-зелени и сиви нијанси. Тогаш кога не ви требаат радикални промени, едноставно додадете неколку аксесоари, како перници, теписи, завеси, па дури и постави за мебел во есенски дезени и бои, а исто така има и голем број на “направи-сам” проекти кои можат да ви помогнат во оваа прилика.

Декорација
Есенските детали и декорацијата се засноваат на тоа, да на лесен и убав начин се внесат есенските чувства во домашната декорација, а овој процес може да биде многу полесен со додавање на бои и дизајнирање со сè што имате при рака.

Определете се за лисја, жито, пченка, бобинки, шишарки и други есенски карактеристики поврзани со овој период од годината.

Простор за седење
Направете свој личен простор за долги разговори во текот на есенските вечери и ноќта. Користете го вашиот камин и ставете мебел околу него – удобни фотељи и софи или едноставно, додајте некои удобни перничиња на подот. Ако немате камин, создадете удобни ниши без него, додавајќи свеќи и свеќници, неколку теписи, ќебиња и лажно животинско крзно, неколку книги и шишиња вино.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛето 2018 во знакот на Babe top!
Следна објаваVera Wang – Модна кампања есен 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР