За време на нејзината долга кариера, Стела МекКартни остана доследна на идејата дека како дизајнер мора да креира облека која ќе ја носи и самата приватно.

Стела МекКартни ја прикажа колекцијата за есента 2018 година, во која ја одликуваат  разновидност, предимензионирани кроеви, како и слоевитост. Во колекцијата доминираат џемпери, трикотажа, карирани палта, долги ракави и патики, како и женствени фустани од свила и тул.

Што се однесува до боите, тие се темно кафени, тегет, бордо, бела, беж, додека дезените се насочени кон тартан, цветни и на оние со мотиви на женски ликови.

Креаторката остана доследна во нејзината одлука да не користи крзно и кожа од животни, што е за пофалба.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОтстранете го стресот со внесување на зелената боја во спалните соби!
Следна објаваНајсимпатична азбука што може да се замисли!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР