Stuart Weitzman е еден од оние брендови кои секогаш имаат перфектни кампањи.

Секоја сезона со нетрпение очекуваме да ги видиме нивните супер иновативни рекламни огласи. За есента 2018 година, креативниот директор на компанијата, Џовани Морели, одлучи да ангажира две врвни имиња од светот на моделите – Gisele Bundchen и Doutzen Kroes. Двете русокоси убавици се големи обожаватели на брендот Stuart Weitzman и не е изненадувачки што тому тие се избрани како презентери на жените кои се олицетворение на сила, самодоверба и елеганција.

Меѓу фантастичните чизми, сандали, патики и стилето потпетици, се појавија и голем број на атрактивни чанти во ројал сина боја. Токму оваа е нивната деби-колекција на чанти, а бидејќи Морели досега креираше торби за брендот Loewe, веруваме дека новиот асортиман на торбите Weitzman наскоро ќе ги пронајде своите фанови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЌерките на Ewan McGregor во новата кампања на Fendi!
Следна објаваПатики кои носат силна еколошка порака!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР