Спортскиот бренд Explicit Wear, во соработка со Gumdrop Ltd, а под спонзорство на градот Амстердам, изработи патики на кои ѓонот е целосно изработен од рециклирани мастики за џвакање, собрани од асфалтот на холандските улици.

Gumshoe патиките се дизајнирани со цел да ја подигнат свеста на луѓето кога рециклирањето е во прашање и да го привлечат вниманието кон проблемот со кој Амстердам се бори со години, како што се мастиките за џвакање заглавени по улиците на градот.

Gumdrop Ltd успеа да ги процесира мастиките за џвакање и да создаде нов тип полимер гума, што може понатаму да се користи за да се произведе нешто ново во овој случај на патики со урбан дизајн.

Веруваме дека со оваа изненадувачка иновација, Амстердам ќе ги поттикне своите граѓани помалку да го загадуваат својот град, а другите градови и нашиот, ќе ги инспирира на сличен чекор, за да ги направиме нашите ѓонови и улици почисти.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGisele Bundchen и Doutzen Kroes во новата кампања на Stuart Weitzman!
Следна објаваУрбано кампинг искуство!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР