Не е тајна дека се повеќе деца на познати актери, пејачи и модели се движат по стапките на нивните родители.

И не само тоа, многу светски дизајнерски брендови се чини дека станале опседнати со познатите наследници на славните, па затоа во последно време ги ангажираат за рекламни кампањи и или како модели на модната писта.

Добрите гени дефинитивно им даваат простор во медиумите, но главната работа е што публиката добро реагира на славните имињата, па оттука и интересот на луксузни брендови за ангажирање на славниот подмадок.

Најновата соработка со децата на славните е ангажирањето на ќерките на глумецот Ewan McGregor за новата кампања на Fendi. По соработката со кланот Kardashian, Fendi ни ја претставува кампањата Peekaboo со новите ѕвезди Естер и Клара, ќерки на актерот.

Клара има 22 години и е успешен фотограф и актерка, а ова дефинитивно не и е прво појавување пред камерите, бидејќи таа веќе носеше на модели на модната писта за брендот Dolce & Gabbana. Естер, од друга страна, има само 16 години и веќе ја започна својата музичка кариера како текстописец. Сестрите се многу блиски и таа емотивност ја пренесоа на фотографиите од кампањата, снимени на различни локации.

Луксузниот бренд Fendi оваа година слави 10 години на Peekaboo дизајнот. Станува збор за “елегантна, моќна и трајна” чанта која не излага од мода.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВнесете жолта боја во декорацијата на домот -резултатот ќе биде спектакуларен!
Следна објаваGisele Bundchen и Doutzen Kroes во новата кампања на Stuart Weitzman!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР