Голем стан од 150m2 кој се наоѓа во Милано, Италија,  целосно е реновиран и ја одразува модерната елеганција.

Целосниот дизајн на станот е резултат од соработката со архитектите од архитектонското биро ANDEarchitettura и дизајнерот на ентериери Џовани Паоло Вениер, кои беа инспирирани од оригиналната архитектура на 20 век, од кога потекнува и зградата во која се наоѓа станот.

Наместо три спални соби, дневна соба и работно студио, новиот дизајн располага со спална соба, голема дневна соба и студио / гостинска соба, која одговара на начинот на живеење на сопственикот на станот.

Таванската декорација и гипсните изведби даваат чувство на свежина во просториите, во кои доминира синиот мебел. Пододот тerazzo venezian, се протега од влезот до кујната и совршено го надополнува мебелот од месинг, а и осветлувањето совршено се совпаѓа со деталите од месинг.

Резултат од обемното реновирање е софистициран стан, отмен дизајн со луксузен ретро-кадифен мебел и екстравагантни детали кои потсетуваат на 70-тите години на минатиот век.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКактуси насекаде – летен тренд!
Следна објаваВнесете жолта боја во декорацијата на домот -резултатот ќе биде спектакуларен!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР