Опремувањето и украсувањето на дневната соба со мала површина може да биде многу тешка работа, а воедно е и голем предизвик.

Затоа ние ви нудиме неколку идеи кои сигурно ќе ви помогнат …

Одберете светла шема на бои
Кога просторијата е мала, темните бои ја затвораат просторијата. Посветлите бои го прават просторот отворен и прозрачен, а истовремено го прават и поголем. Неутралните тонови помешани со светло сини нијанси и зелени бои, многу често претставуваат добра комбинација за природно зголемување на просторот во кој работите.

 

Скалесто поставен мебел
Во мали соби, голем мебел нема никаква смисла. Големите парчиња автоматски ги земаат виталните површини и ја затвораат просторијата, меѓутоа, не е се во малиот мебел, туку во правилниот избор на помали елементи кои можат да ја прошират вашата соба со големина и стил.

Набавете мултифункционален мебел
За да извлечете максимум од вашата соба и мебел, одберете ги парчињата што можат да послужат за повеќе намени. Употребата на отомани кои исто така можат да бидат и масички за кафе е многу популарна идеја за мали простори. Многу отомани, исто така, нудат простор за чување на нештата во нив, така што ќе ослободите дополнителен простор во вашата дневна соба.

Хармонизацијата претставува начин на создавање визуелен проток низ собата. Можете да ја усогласите шемата на бои и мебелот за да го одвлечете погледот од големите парчиња до ѕидовите и зад нив, користејќи посветли нијанси од оние што го красат троседот.

Мебел во светли бои
Заедно со истата тема на ѕидните бои, светлите парчиња мебел додаваат пространост  во просторијата и се тотална спротивност на темниот мебел. Темно фарбаното дрво на мебелот, може видливо да ја намали просторијата и да го затвори вашиот поглед внатре, наместо да го прошири кон надвор. На пример, светлиот даб има помала визуелна тежина во споредба со темното дрво.

Користете огледала
Огледалата обезбедуваат визуелен ефект кој може да обезбеди илустрација на дополнителен простор. Кога огледалата се организирани за да рефлектираат одредени работи и делови од собата, тие отвораат и создаваат повеќе светлина, што доведува до поширок амбиент.

Користете вертикални линии
Големината на просторијата не е ограничена само на подната површина и квадратните метри, туку исто толку важна е и висината. Искористете ги предностите на вертикалниот простор на вашата соба за да создадете илузија на дополнителен простор. Со додавање на високи објекти и декоративни парчиња, можете да го привлечете внимание кон вертикалниот простор кој сигурно ќе ја отвори дневната соба.

Осветлувањето е клучен фактор во секоја соба, но тоа е најважно во малите  простории. Клучот за добро осветлување лежи во неговото раслојување низ дневната соба од подот до таванот. Употребата на разни видови осветлување помага да се осветлат сите површини на собата, што исто така помага и за на нејзиното визуелно проширување.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовршено организиран мал современ стан од 48 м2 во Токио!
Следна објаваВечерва на Охридско лето -„Во агонија“ – возбудлива драма од Мирослав Крлежа,!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР